Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пожарот што му се закануваше на манастирот Трескавец е изгаснат. На јавниот повик за помош на Општина Прилеп се јавиле 100-тина доброволци.
Пожарот започна вчера околу 16 часот над новите градски гробишта и се прошири со огромна брзина. Гореше целата планина околу манастирскиот комплекс. Се претпоставува дека причина за пожарот е човечки фактор.
„Ги замолувам сите мои сограѓани да дојдат тука да помогнат околу гаснењето на огнот, моментно сме мала група луѓе и се наоѓаме многу блиску до манастирот Трескавец. Дојдете за да не се случи повторно да изгори овој наш храм. Се бориме со натчовечки напори да го изгаснеме огнот, но тој се шири со огромна брзина“, изјави вчера Филип Илиески, еден од доброволците што го гаснат пожарот.
Според најновите информации од Центарот за управување со кризи, во гаснење на пожарот интервенирале екипи на ТППЕ Прилеп, кои добиле помош во цистерни со вода од Противпожарната единица Битола, од ЈП „Комуналец“ – Прилеп и од ТППЕ Прилеп. На терен има повеќе жители од месно население од с. Мажучиште, како и сопствениците на околните викенд-куќи од Прилеп.
Во Прилеп активни се пожарите во село Никодин и во близина на село Бонче, кај манастирот „Св. Илија , јавува Макфакс.