Пожарникарите останаа зачудени – „Кај му е моторот на запаленото Порше?!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Снимката од гаснењето на огнот кој го зафати еден луксузен модел на Порше Кајман во Париз стана вирален хит на социјалните мрежи поради потфатот на пожарникарите.

Париските пожарникари се обидуваат да изгаснат Порше во пламен. Видеото најверојатно го снимил турист од Бразил, кој престојувал во Париз, зашто е објавнео на странизата на Порше клубот од Рио де Женеиро.

Екипа пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот и со цела сила се обидуваат да го отворат предниот капак во надеж дека ќе го најдат акумулаторот или друг дел од моторот за да го изгаснат пожарот. Конечно , кога успеаја во својата намера , видоа дека под капакот нема ништо , само празен простор за багаж , зашто моторот во Поршето е под задниот капак.

Застанаа, се зачудија и без да го отворат задниот капак, продолжија да го залеваат возилото.