Пожар во болница во Азербејџан: 25 лица загинати!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Околу 25 луѓе загинаа во пожар што избил во центар за рехабилитација во главниот град на Азербејџан, Баку, пренесе Би-Би-Си. Снимките прикажани на локалните телевизии, покажуваат пламени јазици како излегуваат од прозорците на болницата.

Во инцидентот има и четворица луѓе повредени кои се хоспитализирани, а огнот е ставен под контрола, пренесе азербејџанската новинска агенција АПА.

Причината за пожарот се уште не е позната, во тек е истрага. Претседателот на државата, Илхам Алиев го посети местото на настанот.