Музика

Позгодна од било кога – музичко враќање на Дани Димитрова

Откако во 2017 година го издаде „Град за љубов“ со поп-џез призвук, една од најквалитетните и најзгодни пејачки на нашата естрада се врати на своите базни и препознатливи рок-стил корени со новата песна „Четири ѕида.

Авторски песната е потпишана од брачниот тандем Весна Бабамов Малинова и Кирил Бабамов, кои всушност својот потпис го ставаат на речиси целиот музички опус на Дани.

-„Четири Ѕида” е емотивен расказ во мелодија, споделено искуство, исповед. Преживеани изџвакани комуникации барем еднаш во животот помеѓу партнери, родители и деца, брат и сестра, кој како ќе се пронајде. Секогаш се пронаоѓаме кога зборуваме вистина. Љубов е суштината. Секогаш. Во секоја песна, па и во оваа, вели Дани.

За новата песна Дани сними и интересен видеоспот зад кој се потишува филмското дуо Пеце Здравковски и Ѓорѓи Вацев, а за потребите на ова видео темпераментната рокерка го промени својот изглед, па наместо кожни панталони и црни маички, Дани ја гледаме во едно скроз поинакво издание.

Инаку Дани неодамна се врати од Каиро каде одбележа 12 години активна работа како „UN Celebrity Ambassador“ во доменот на ширење свест за човечките права.

Исто така 2019 година е јубилејна за Дани. Во март својот солистички концерт во Македонска филхармонија го посвети на 20-те години музичка кариера.

Advertisements
To Top