Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мурал насликан од култниот британски уличен уметник Бенкси, пронајден на гаража од бетонски блокови во велшкиот град Порт Таблот, беше продаден е на трговец со уметнички дела за сума од над 100.000 фунти.
View this post on Instagram
На муралот „Поздрав до сезоната“, нацртан на гаража од бетонски блокови прикажано е мало момче кое се обидува со јазик да фати снег, но од другата страна се гледа дека тоа не е снег туку пепел од индустриски контејнер.
„Јас го купив и тоа ме чини сума од шест бројки“, изјави Џон Брандлер, додавајќи оти муралот му го позајмува на градот Порт Таблот во следните две до три години.
Муралот се појави минатиот месец во велшкиот град Порт Таблот, каде се наоѓа една од најголемите железари во светот.