Повторно заедно после скоро 35 години откако „се вратија во иднината“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Изминаа 35 години од снимањето на легендарниот филм „Back To The Future“ во кој Мајкл Џ. Фокс и Кристофер Лојд на одличен начин ги толкуваа веќе култните ликови на Марти и доктор Емет.

35 години по снимањето на првиот дел од оваа култна филмска научно-фантастична и комична трилогија, Фокс и Лојд повторно застанаа еден до друг, обединети за една друга цел која не е филмска, туку е дел од животната реалност.

Фокс ја основа својата фондација за Паркинсонова болест, тој одржува годишен турнир во покер, каде собира пари за истражување и развој за лек за ова заболување. Двајцата актери поставија фотографии на кои се прегрнуваат во покерската ноќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christopher Lloyd (@mrchristopherlloyd) on

Двојката се здружи повторно пред две години на црвениот тепих, но и пред тоа Фокс и Лојд беа видени како се дружат со колегите Томас Вилсон (кој го играше Биф) и Леа Томпсон, која ја играше мамичката на Марти Лорен.