Повторно сончево време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После заладениот и дождлив период, првата седмица од ноември во Македонија повторно носи сончево и потопло време со мала облачност, поголема на северозапад. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец југоисточен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 20 Целзиусови степени, Маврово 14, Охрид 18, Битола и Крива Паланка 20, Берово 19, Кавадарци и Дојран 23 степени.

И за утре временската прогноза е сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 21, Маврово 15, Охрид 20, Битола и Крива Паланка 21, Берово 18, Кавадарци 22, Дојран 24.