Повторно се касапеа дрва во Скопје – револтот ги зовре социјалните мрежи (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера попладне, во скопската населба Аеродром, со тешка механизација, на местото каде што треба да биде изграден станбено-деловен објект „Порта Аеродром“.

Дрвјата буквално се масакрирани за на просторот од поранешниот парк да никне споменатата градба.

На информативната табла стои име на инвеститорот „Порта Инжинеринг Груп“, а изведувач на работите е фирмата „Специјал градба“. Одобрението за градење од општината е од 4 април годинава.

Граѓаните на социјалните мрежи револтирани го споделуваат видеото прашувајќи дали ова ќе запре.