Повторно провоцира: Мајли Сајрус со нов, контроверзен спот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поп ѕвездата Мајли Сајрус го објави своето најново музичко видео, снимен за песната „Mother’s Daughter“, во кој ја задржува нејзината контроверзност и провокативност кога станува збор за спотовите.

Ако мислевте дека Мајли се смирила и веќе не изведува перверзни работи на настапите и спотовите, сте се излажале. Новиот спот е чист доказ дека Сајрус не се премислила и останала на „старите патеки“. Новиот спот на контроверзната Мајли е полн со перверзии и провокативни кадри.

Во спотот кој доби многу негативни коментари се појавува и мајката на Мајли, а темата на песната е засилување на феминизмот преку порака упатена до сите жени без разлика на потеклото и бојата на кожата.