Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од ноќеска, на полноќ, според одлуката на на Регулаторната комисија, на сила стапуваат нови, поевтини цени на горивата.
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,13, односно за 1,83 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се родава за 63, ЕУРОДИЗЕЛ (D-ЕV) за 58, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 46,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,861 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 28,176 денари за килограм.