Повторно одложено судското рочиште за „Поткуп“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рочиштето за случајот Поткуп кој се води против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска повторно беше одложено.

Како што информираше Заев, еден од неговите адвокати, Ване Андреев, иако најавил дека ќе стигне на роиштето, имал проблеми со возилото и не успеал да дојде. Останатите двајца адвокати, Филип Медарски и Јаким Наумов, беа отсутни поради здравствени проблеми.

Судијката Дијана Груевска Илиевска го закажа следното рочиште за 2-ри декември и покрај барањето на Заев судењето да продолжи по завршувањето на изборите. Во судот беше присутен Иван Николов, струмичкиот бизнисмен од кого, според обвинението, Заев побарал 160 000 евра поткуп.