Повторно одложено рочиштето за Сопот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Главното рочиште за судскиот случај Сопот денеска повторно беше одложено, поради промена на судечкиот судија. Следната расправа е закажана за крајот на април.

Сопот датира од 2003 година, а името го доби по селото во чија близина на пат имаше поставено нагазна противтенковска мина на која нагази џип на НАТО во кој имаше полски војници и наши државјани. Од силната детонација и експлозија загинаа двајца војници и еден македонски граѓанин. Од силната детонација загинаа припадниците на полскиот контингент на НАТО, Павел Легински и Фјодор Никуловски, и цивилот Крунислав Кипријановски, а тешко беа повредени преведувачката Поликсена Филиповска и Милевка Кипријановска.

Неколку недели по трагедијата беа уапсени 12 жители на кумановското село Сопот, а имаше обвинителна пресуда.

Овој судски процес имаше неколку преотворања, а за целиот случај беше формирана во Собранието и посебна комисија што требаше да ја преиспита судската одлука, но и да го истражи целиот случај. Главен доказ во целиот случај беше тврдењето на сведокот Рамадан Бајрами дека исказот го дал по жестока тортура од полицијата.

Специјалното јавно обвинителство информираше дека на 4 октомври го побарал предметот Сопот.

Од наша страна до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесено е барање за доставување на предметот познат во јавноста како Сопот. Предметот е побаран со цел да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации, соопштија во ноември СЈО.

Од тогаш предметот се наоѓа во Советот на јавни обвинители, а претседателот на советот, Петар Аневски, по последната средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не соопшти дали ќе разговараат за предавањето на овој предмет на СЈО.

Според објавените бомби од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, односно на дел од прислушкуваните разговори, дел од 11 осудени и затворени македонски граѓани се незаконски осудени.