Повторно експлозија во Русија, повредено едно лице


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Едно лице е повредено во експлозија во јужниот руски град Ростов на Дон, во четвртокот наутро, објави агенцијата TASS, повикувајќи се на полициски извори.

Како што се наведува, експлозијата одекнала во близина на училиште, а повреден е домарот на училиштето.

Тој подигнал сомнителен предмет кој веднаш потоа експлодирал. Прстите му биле целосно разнесени, а исто така се здобил и со повреди на стомакот. Работникот бил веднаш пренесен во болница, наведува Ria Novosti.

TASS тврди дека бомбата била маскирана како рачна батерија.

Веднаш по инцидентот училиштето и реонот околу него биле евакуирани.