Home Актуелно Повредена е вашата ќерка, итно требаат пари: Измамена охриѓанка останала без 3.000 евра

Повредена е вашата ќерка, итно требаат пари: Измамена охриѓанка останала без 3.000 евра

На 18.08.2022 година, 74-годишна жителка на Охрид, во СВР Охрид пријави дека околу 13 часот, телефонски добила известување за сообраќајна несреќа во која, наводно, била тешко повредена нејзината ќерка и дека итно ѝ биле потребни пари за помош и исплата на оштета.

Според пријавеното, на едно лице кое дошло пред нејзиниот дом, таа му дала околу 3000 евра. Истиот ден, во СВР Охрид е пријавено дека повозрасна жителка од охридско село била измамена од едно лице, кое ѝ побарало и добило 300 евра, поради наводен долг на нејзиниот син кој живее во странство.

Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до граѓаните да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати лица и да не наседнуваат на вакви и слични измами, да не им даваат пари на измамниците и сите сомнителни случаи веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица или на бесплатниот телефонски број 112.

СВР Охрид работи на расчистување на пријавените случаи и пронаоѓање на сторителите по што ќе поднесе соодветни пријави.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…