Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона во вчерашниот натпревар против Севиља успеа да се извлече од пораз со два погодоци во финишот.
Севиља имаше предност од 2:0 се до 88 минута, тогаш Луис Суарез намали на 2:1, а една минута подоцна Лионел Меси од работ на казнетиот простор погоди за 2:2 и така ја спаси Барселона од пораз.
„Меси беше клучен! Влезе повреден и се уште е повреден, но би требало да биде спремен за натпреварот против Рома. Поради тоа и имав намера да го ставам во игра бидејќи долго време е надвор од теренот па сакав да му дадам прилика малку да се врати во ритам“, изјави Валверде, па потоа продолжи да зборува за натпреварот.
“Не сме тим кој прима многу голови, но на овој натпревар остававме премногу простор и тоа противникот знаеше да го казни. Не мислиме дека сме веќе шампиони имаме многу натпревари во кои мораме да победиме и затоа ја славиме секоја победа“, истакна Валверде.