Повредата не е сериозна: Миркуловски ќе игра против Норвшка!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повредата на Филип Миркуловски не е од сериозен карактер, па постојат реални шанси тој да настапи на утрешниот осминафинален натпревар против Норвашека.

Миркуловски се повреди вчера на дуелот со Исланд, па иако се чинеше дека станува збор за кинење на бутниот мускул, сепак за среќа повредата не е сериозна и се очекува играчот денес да има лесен тренинг.

Дејан Манасков се пожали на повреда, но и кај него таа не е сериозна и тој би требало да игра против Скандинавците утре од 16.00 часот. Со чартер лет нашите ракометари денес од 11.30 ќе отпатуваат од Мец за Албервил, а вечерва од 18.30 часот ќе го одржат официјалниот тренинг.