Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа во Бугарија кои денес треба да бидат транспортирани до скопскиот аеродром, после тоа веднаш ќе бидат упатени кон нивните домови и вечни почивалишта, соопшти МНР, со што го промени претходно најавенената поворка која требаше да помне низ главниот град и да им се оддаде почит на плоштадот Скендербег.
Авионите со жртвите од несреќата ќе пристигнат утре во 9 часот, на „Скендербег“ ќе им се оддаде почит
Од МНР посочуваат дека оваа измена доаѓа согласно барањата на дел од семејствата на загинатите, а со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва.
За граѓаните кои сакаат да оддадат почит, се уште останува можноста тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот.
Несреќата на автобусот на „Беса транс“ од Скопје се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник. Загинаа 45 патници, а седум беа повредени.