Повик за учество во атлетска трка: Трчај, играј – активирај се!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Трчај, играј, активирај се” е мотото под кое на 6-ти септември, на Кејот на реката Вардар, Агенцијата за млади и спорт ќе организира спортско – рекреативен настан во пресрет на 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Агенцијата за млади и спорт ги повикува сите заинтересирани да се пријават и да бидат дел од атлетската трка во пресрет на Денот на независноста, 8-ми септември.

Централна активност на настанот ќе биде рекреативна атлетска трка која ќе започне од Каналот на Вардар (општина Карпош, кај карпата за искачување), во 17:00 часот, а ќе заврши кај Градска плажа (општина Центар).

Пријавете се, пополнувајќи го соодветниот формулар (http://bit.ly/2wRZptc) или на телефон: 075-254-734.

Повикот за аплицирање за учество на настанот ќе биде отворен до 04.09.2017 (понеделник), до 20:00 часот.

Секој од учесниците во трката е одговорен за својата физичка подготовеност и здравствена состојба.

Во рамки на настанот ќе биде организирана и еколошка акција за чистење на Кејот на Вардар, како и спортски активности: одбојка на песок, кајак, крос фит, искачување на карпа, скејт активности.