Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во рамки на проектот Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи, финансиран од ЕУ, денеска во Скопје ќе се одржи првата информативна сесија за повикот за доделување грантови за поддршка на претприемништвото кај младите од немнозинските етнички групи.
Повикот, како што информира ПСМ Фондацијата, се фокусира на две приоритетни теми: подобрување на условите за развој на претприемништвото и интегрирање на претприемачи од немнозински етнички заедници во програми за поддршка и вмрежување.
Грантовата шема има вкупен фонд од 2.882.271 денари, додека максималниот износ по поединечен грант е 320.252 денари. Грантовите се отворени за граѓански организации, при што се планира да бидат вклучени најмалку 18 граѓански организации.
Предлог-проектите треба да бидат со максимално времетраење од шест месеци и да се имплементираат во периодот март – август 2017 година.
Овој месец инфо денови ќе има и во Тетово, Битола и во Штип.