Повеќето од засолнетите цивили го преживеале нападот на театарската зграда во Мариупол


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Украинските власти сопштуваат дека скривницата во театарот во Мариупол го издржала бомбардирањето, дека моментално се работи на извлекување на луѓето, како и оти повеќето од луѓето успеале да го преживеат нападот.

„Зградата е уништена. Повеќе од илјада жени и деца се наоѓаат во засолништето во подрумот на мариуполскиот театар, ја пренесува Би-Би-Си изјавата на пратеникот, Дмитро Гурин.

Тој уште вели дека добил информација оти скривницата го издржала бомбардирањето, како и дека луѓето го преживеале нападот.

„Сè уште не знаеме дали има ранети или убиени, но изгледа дека повеќето преживеале и дека се добро”, вели тој.

Претходно официјални украински претставници ја обвинија Русија за намерно уништување на театарот во Мариупол во кој, според нивни тврдења, во време на нападот имало околу 1.200 луѓе.

Меѓутоа, руската страна синоќа ги демантираше обвинувањата на Киев дека Русија го извршила нападот врз театарот, тврдејќи дека тоа е нова провокација на милитантите од националистичкиот баталјон „Азов”, активирајќи екплозив што претходно го поставиле во зградата на театарот.