Повеќе од половина од возрасните луѓе се срамат од својот изглед


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Скоро половина возрасни лица барем еднаш во животот биле посрамени поради својата телесна тежина, изглед на косата, па дури и големината на своите стапала, откриваат резултатите од најновата социјална анкета направена во овој контекст.

Од анкетираните околу 2.000 возрасни лица, 56 отсто изјавиле дека во последната година се соочиле со непријатни коментари во врска со нивниот изглед. Едно од десет лица изјавило дека се соочило со негативни коментари во врска со изгледот во изминатата недела (во однос на денот на анкетирањето).

Телесната тежина била најчеста причина за посраменост. Шест од десет луѓе, кои биле прекумерно дебели, изјавиле дека биле критикувани поради нивната килажа. Изгледот на кожата, косата и висината, исто така, биле причина за критика, а едно од десет лица од анкетираните изјавувало дека било исмевано поради големината на стапалата и изгледот на веѓите.

„Јасно е дека многу луѓе се борат со нарушената самодоверба, често поради коментарите од другите, што е навистина тажно да се знае. Ние силно се противиме на срамењето поради изгледот на телото и поради телесната тежина, било тоа да е случај на работно место, во медиуми или во секојдневниот живот“, вели анкетарката Зое Грифитс.

Една претходна студија, исто така, откри дека едно од шест лица добива негативен коментар од својот партнер, а речиси секое четврто лице добива таков коментар од членовите на семејството. Меѓу најчестите критичари од ваков тип, што е малку разочарувачки, се блиски пријатели.

Две од пет анкетирани лица изјавиле дека се чувствуваат несигурно, непријатно и понижено после вакви коментари и критики. Но, една осмина од испитаниците изјавиле дека подемот и успехот на „плус-сајз“ моделите во поп-културата им помага да се чувствуваат подобро, пренесува Independent.