Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Над 80 отсто од македонските домаќинства имале пристап до интернет во првото тримесечје од годинава, покажуваат најновите статистички податоци.
Според денеска објавените податоци од Државниот завод за статистика, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години интернет користеле 81,4 проценти. Повеќе интернет користеле мажите отколку жените.
Висок е процентот и на оние кои интернет користеле секој ден или речиси секој ден, односно 72,9 проценти, додека помалку од еднаш неделно користат интернет само 0,9 проценти.
Социјалните мрежи ги користеле 68,4 проценти, а од нив повторно поголем е процентот на мажи кои ги користеле овие мрежи, отколку жени.
Речиси 36 проценти порачале стоки или услуги преку интернет во последните 12 години, а од нив 35,8 проценти купиле облека или спортска опрема.