Повеќе од 170.000 Британци од месец октомври не сакаат да плаќаат струја


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Граѓанското движење „Не плаќај“ (Don’t Pay) во Британија објави дека над 170.000 луѓе нема да ги плаќаат сметките за струја од 1 октомври.

Движењето на онлајн платформа од вторникот попладне собрало повеќе од 170.000 потписи од луѓе кои не сакаат да ги плаќаат сметките за струја. Движењето бара од британската влада „намалување на сметките за енергија на прифатливо ниво“.

Претставниците на движењето наведуваат дека граѓаните потписите можат да ги остават на интернет страницата www.dontpay.uk.

Движењето досега собрало повеќе од 173.000 потписи од луѓе низ цела Британија.

Од движењето објавија дека ќе се откаже автоматизираното банкарско плаќање на сметките за енергија, ако бројот на оние кои ги поддржуваат стигне до милион.

Апелираа до владата да воведе „итни социјални тарифи за енергијата за да се спречи луѓето да умираат од студ оваа зима“.

Движењето се појави набрзо откако енергетското претпријатие Офгем објави дека долните граници на сметките за енергија во Британија пораснале за 80 отсто, со што просечните трошоци на домаќинствата за енергија ќе изнесуваат 3.549 фунти (3.990 евра) годишно.