Повеќе од 1000 дански тинејџери обвинети за споделување детска порнографија

детска порнографија

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Повеќе од 1000 тинејџери од Данска се обвинети за дистрибуција на детска порнографија на интернет, објави полицијата.

Полицијата покренала истрага откако имале дојава на Фејсбук, дека корисниците на друштвените мрежи споделуваат сексуално експлицитни снимки од петнаесетгодишник. Обвинетите се на возраст од 15 до 20 години, а 80% од нив се мажи.

Голем и комплексен проблем

„Ова е голем и комплексен проблем и истрагата траеше долго. Особено поради големиот број на обвинети“, изјави инспекторот Лау Тригесен. „Многу сериозно го сфативме случајот, затоа што има сериозни импликации за оние заплеткани во ширењето на таков материјал“.

Полицијата додава дека поголем дел од обвинетите ја поделиле снимката не интернет неколкупати, а голем број дури и повеќе од 100 пати. Во детска порнографија во Данска спаѓа ширењето на снимки и фотографии од личности помлади од 18 години.