Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ го продолжил договорот со Барселона до јуни 20121 година и со тоа стави крај на сите шпекулации за неговата иднина.
Повеќемесечните преговори помеѓу Барселона и Ракитиќ завршија успешно откако играчот од средниот ред ги прифати условите и го продолжил договорот до 2021 година.
Барселона не ги објави финансиските детали од договорот, во кој е вметната откупна клаузула од 125 милиони евра.
Ракитиќ сезонава најчесто е резерва кај Луис Енрике, поради што се шпекулираше дека тој ќе замине од клубот, но Барселона успеа да го задржи во своите редови.
Хравтскиот репрезентативец на „Ноу Камп“ пристигна од Севиља во 2014 година, има одиграно 145 натпревари и постигнато 23 голови.