Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Британските медиуми пишуваат дека причината за изоставувањето на Алексис Санчез од стартниот тим на Арсенал за дуелот со Ливерпул е тоа што Чилеанецот влегол во конфликт со неколку соиграчи и сп Венгер, па дури и го напуштил тренингот.
„Гардиан“ пишува дека дошло до расправија меѓу Санчез и неколку играчи на Арсенал и дека биле разменети и навреди. Исто така, расправиите со Венгер биле причина што дуелот го стартувал како резерва.
Чилеанецот веќе го известил раководството дека сака да биде продаден на крајот на сезоната и дека нема намера да потпише нов договор, а после најновите случувања и сите во Арсенал се сложни дека треба да замине.
Според шпекулациите, за Санчез најзаинтересирани во моментов се италијанските гиганти Јувентус и Интер, но овие два клуба голема конкуренција ќе имаат во ПСЖ.