Повеќе нема дилеми: Модриќ најави доаѓање во Серија А (фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Плејмејкерот на Реал Мадрид и официјално најдобар фудбалер на светот, Лука Модриќ втора година по ред се поврзува со доаѓање во Серија А.

Модриќ минатото лето силно се поврзуваше со трансфер во Интер, но остана во Реал Мадрид, а ова лето се поврзува со трансфер во Милан.

Шпекулациите ги разгоре и самиот Модриќ кој стави „лајк“ на постот на миланскиот гигант на Инстаграм, а тоа веднаш го приметија сите медиуми.

Ваквата реакција и потег на Модриќ медиумите ја протолкуваа дека повеќе нема дилеми дека нешто се случува на релација Мадрид – Милано.

Неговиот агент Владо Лемиќ два пати беше во Милано на средба со директорите на Милан, па медиумите тврдат дека Модриќ е главна трансфер цел на „росонерите“.

Последните информации се дека Реал чека да го реализира трансферот на Погба за да му дозволи на Модриќ да се пресели во Милано.