Повеќе нема дилеми: Ковач останува во Баерн Минхен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нико Ковач ќе остане тренер на германскиот шампион, потврди претседателот Карл-Хјнц Румениге.

Иако долго време се шпекулираше дека Ковач најверојатно ќе го напушти клубот, посебно по турбулентниот почеток на сезоната, сепак работите се променија, Баерн Минхен играше се подобро и на крајот успеа да дојде и до двојната круна.

Триумфот на Баерн Минхен во Купот на Германија беше прв по пауза од три години и претседателот на клубот, Карл-Хајнц Румениге, изјави дека Ковач и понатаму останува тренер на тимот.

„Нормално дека Нико останува тренер, тоа никогаш не се доведуваше во прашање. Во Баерн се важни трофеите и тоа е нешто во кое тренерот има важна улога. Не се сомневавме во Ковач, тимот изгледаше совршено во финалето на Купот. За шпекулациите се виновни медиумите“, изјави Румените.