Повеќе нема дилеми: Џеко на пат за Лондон!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека се е договорено и Един Џеко наскоро ќе стан нов фудбалер на Челзи!

Челзи и Рома постигнаа договор за трансфер на Един Џеко и Емерсон Палмери за кои „сините“ ќе платат 50 милиони евра во кеш, плус 10 милиони во име на бонуси.

Меѓутоа Џеко се уште немаше донесено одлука дали да го прифати трансферот и беше скептичен. Последните информации од Апенините говорат дека Босанецот имал телефонски разговор со Антонио Конте и се согласил да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Џеко во Челзи ќе заработува 7 милиони евра по сезона, два милиони повеќе од неговата актуелна плата, а се очекува во текот на утрешниот ден да пристигне на медицински прегледи во Лондон.

32-годишниот напаѓач минатата сезона постигна 39 гола за Рома во сите натпреварувања, а оваа сезона до сега постигна 12 гола, па сигурно ќе биде големо засилување за „сините“.

Џеко нема да може да настапува во ЛШ оваа сезона, а за место во тимот ќе се бори со Алваро Мората, додека Батчуаи сигурно ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“.