Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Мајли Сајрус можеби има 24 години, но помина низ многу проблеми, па дури и беше зависна од канабис. Сепак, решила да се промени, повеќе да не пие и да не се дрогира.
„Погледнете ми ги очите, колку ми се бели. Чисти се, отворени и можам да го видам сето тоа. Многу луѓе ми дојдоа и ми велеа: Ако сакаш помош или ако сакаш да одиш на состаноци… но јас им велев дека самата ќе си помогнам. Можам се да направам. Решив да не пушам повеќе трева и не пушам“, изјавила Мајли при интервју за магазинот SisiusXM.
Освен од пушењето канабис, таа се откажала и од алкохолот и сега животот и бил поубав. Можеби причина за тоа е токму нејзиниот свршеник Лиам, за кој таа сними специјална песна „Malibu“.