Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
За разлика од неговиот претходник судијата Владимир Панчевски, кој располага со огромен недвижен имот, девет стана и една куќа, градежни земјишта и над 3 милиони денари во банкарски сефови, новиот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев, е без имот и со долг за кредит.
Поточно, според анкетниот лист на судијата Џолев, доставен до Државната комисија за спречување на корупција, новиот претседател поседува само еден автомобил „мицубиши лансер“, купен во 2009 година, а за кој навел дека го добил како подарок.
Новиот претседател на свое име нема пријавено ниту стан или куќа. Посочил дека има заем од 13.800 евра и кредит од 3.000 евра. На својата и платежната картичка на сопругата, пак, пријавил мала сума на пари, од 21.000 и 15.000 денари.
Сега, откако стапи на функцијата претседател на Основниот суд Скопје 1, Џолев, ќе мора да поднесе нов анкентен лист за својата имотна состојба.