Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Италијанскиот суд утврди дека вработен во државната компанија Телеком добил тумор заради повеќе од 15 години интензивно користење на мобилниот телефон.
Судот, во првата ваква пресуда во историјата, му одреди на државното осигурување доживотен надомест на штетата на 57 годишниот Роберт Ромео. Тој почнал да го користи службениот телефон во 1995 година.
Откако телефонот го користел четири часа дневно без никаква заштита цели 15 години, Ромео ја загубил способноста за слух на левото уво.
Неговиот адвокат ја опиша пресудата како историска.
„Ова е првпат во историјата судот да ја утврди врската меѓу користењето мобилен и туморите“, изјави адвокатот за италијанските медиуми.
Ромео го оперирал туморот и по тоа добил менингитис и ја загубил способноста за слух и на десното уво.
„Не сакам да ја демонизирам употребата на мобилните телефони, но верувам дека треба да се користат правилно и свесно“, изјави Ромео.