Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
17-годишниот фудбалер Александер Исак важи за еден од најталентираните напаѓачи во Европа, и многу европски гиганти се интересираа за неговиот потпис.
„Марка“ пренесува дека Реал Мадрид ја победил конкуренцијата и следната недела Исак и официјално ќе стане фудбалер на „кралскиот“ клуб.
Не им беше тешко да најдат заеднички јазик бидејќи менаџер на Исак е Владо Лемиќ кој соработува со легендата на Реал Мадрид и поранешен спортски директор на „кралевите“ Предраг Мијатовиќ, па е логично тоа што Реал беше успешен во трката.
За него се интересираа европските великани Челзи, Баерн и Јувентус, но Исак на крајот го избра Мадрид.
17-годишен напаѓач од стокхолмски АИК во својата татковина веќе го нарекуваат „новиот Ибрахимовиќ“.