Потврдено: Пујол ја одби директорската функција во Барселона


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот капитен и легенда на Барселона, Карлес Пујол, се откажа од функцијата спортски директор на каталонскиот клуб.

Во последните недели силно се шпекулираше дека Пујол ќе се врати во Барселона и ќе добие директорска функција.

„Во последните неколку недели имаше различни вести за моето можно враќање во Барселона како спортски директор. Размислувајќи, решив да не ја прифатам оваа понуда на клубот. Ова беше тешка одлука, со оглед на тоа што секогаш велев дека би сакал да се вратам во клубот, за кој го сметам мој дом, но разни проекти ме спречуваат во моментот целосно да се посветам на оваа позиција. Би сакал да му се заблагодарам на клубот за довербата во мене за толку важна позиција“, напиша Пујол на Твитер.

Претходно, напаѓачот на Барселона, Лионел Меси призна дека би сакал да го гледа екс-капитенот на тимот како спортски директор на клубот.

Пујол целата своја кариера ја помина во Барселона за која настапуваше од 1999 до 2014 година и во тој период настапи на 392 натпревари и постигна 12 гола.