Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерството за внатрешни работи ги потврди информациите за сообраќајната несреќа што се случила синоќа во Кисела Вода, според кои актерот и актуелен директор на МНТ, Драган Спасов-Дац удрил пешак со својот автомобил.
Според полицијата, вечерва во 19.20 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски таблички управувано од Д.С.(54) удрило во пешакот Е.Ц.(27).
Е.Ц е пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде и се констатирани телесни повреди, по што е пуштена дома.
Утрово на социјалните мрежи се огласи Драган Спасов Дац. Без да изнесе повеќе детали за квалификациите кои беа објавени во медиумите тој само напиша: „До каде ќе иде злобата…“
Коментарите се поделени. Дел од пријателите коментираат и прашуваат дали возење под дејство на алкохол не е злоба, а дел застануваат во одбрана на Дац.