Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Додека милионите фанови на Барселона со нетрпение очекуваат дали Лео Меси ќе го потпише нов договор со Каталонците, се појави информација која ги изненади сите.
Според претседателот на Шпанската фудбалска лига, Хавиер Тебас Аргентинецот веќе ставил потпис на документите. Меѓутоа се уште нема официјална потврда за тоа ниту од клубот, а ни од самиот Меси.
„Договорот на Меси е продолжен, освен ако не ме излагаа. Официјално договорите се обновени кога под нив стојат соодветни потписи, а не кога ќе бидат објавени во јавност“, изјави Тебас.
Инаку уште од 5-ти јули од Барселона официјално открија дека е постигнат договор со Аргентинецот, но не потврдија дека е потпишан.
? Tebas: "Si no me han engañado, Messi ya ha firmado su renovación con el Barça" https://t.co/aOzsxZFUJH pic.twitter.com/y7EmdYLiBb
— MARCA (@marca) November 14, 2017
Поради тоа веќе со месеци иднината на Меси е предмет на шпекулации, што создава неизвесност и нетрпение кај фановите на каталонскиот гигант.