Потврдено: Ливерпул без Салах и Фирмињо против Барса


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул утре ја пречекуваат Барселона во реванш полуфиналниот дуел од Лигата на шампиони.

„Црвените“ во првиот дуел доживеаа тежок пораз од 3:0, а сега додатни главоболки на Клоп му создаваат повредите на двајца клучни фудбалери.

Од поодамна беше познато дека Роберто Фирмињо нема да може да настапи против Барселона. Меѓутоа, сега стана јасно дека клучниот дуел во сезона ќе го пропушти и првата ѕвезда, Мохамед Салах.

„Салах нема да може да игра утре“, потвди Клоп.

Натпреварот се игра утре на „Енфилд“ во 21 часот, а Барселона доаѓа со предност од 3:0.