Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Доцна попладнево стигна официјална потврда дека бившиот премиер Никола Груевски, со цел да го избегне одлежувањето на двегодишната затворска казна, е избеган во Унгарија, по што од МВР распишаа меѓународна потерница по гонетото лице.
Во соопштението од МВР се наведува дека по направените соодветни проверки Министерството утврдило дека Груевски се наоѓа во Унгарија.
„Министерството за внатрешни работи доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил “, се наведува во соопштението. МВР веднаш побара од Кривичниот суд да издаде решение за распишување на меѓународна потерница по Груевски, што беше експресно направено.
Пет часа им требаа денеска макеоднските институциите да ја потврдат информацијата која Груевски ја споедли на фејсбук нешто по 13 часот дека се наоѓа во Унгарија каде побарал политички азил.
По оваа информација, на разговор во македонското МНР попладнево бил повикан унгарскиот амбасадор Ласло Дукс, со цел проверка на информацијата и по дипломатски канали.
Во петте часа чекање на потврда за тоа дали Груевски е во Будимпешта или не, Телма побара потврда од унгарската влада дали тој е таму. Во одговор на писменото барање за информација од Кабинетот на унагарскиот премиер, Виктор Орбан, ни одговорија: „Ниту можеме да потврдиме, ниту да негираме. Ние не сме во можност да коментираме за индивидуални барања за азил кои се уште се процесуираат“.
Иако владата во Унгарија ниту потврдува ниту негираше дали е Груевски таму, информацијата дека не коментираат барања за азил кое е во процедура, беше првата индиција дека Груевски е во Унгарија.
За тоа како Груевски ја поминал македонската граница од МВР информираат дека на граничните премини не е регистриран легален премин на Греувски. Тоа го отвора прашањето како избегал Груевски. Легален премин на граница не требаше да биде можно ако се знае дека судот му го одзеде пасошто на Груевски како мерка за безбедност поради случаите кои се водат против него. Министерот за внатрешни работи вечерва телевизиско интервју соопшти дека Груевски не избегал по воздушен пат туку го направил тоа илегално вон граничните премини.
Извор: Телма