Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Италијанскиот напаѓач Марио Балотели ова лето ја напушта Ница и се сели во тимот на Борусија Дортмунд, потврди за „Билд“ неговиот менаџер Мино Раиола.
Балотели е слободен агент откако му истече договорот со францускиот клуб, па на „милионерите“ ќе им се приклучи без обештетување. 26-годишниот Италијанец оваа сезона постигна 17 гола на 28 настапи во сите натпреварувања.
Овој трансфер е само потврда дека првиот напаѓач, Пјер Емерик Обамејанг ова лето сигурно ќе го напушти клубот, па Балотели би требало да биде негова замена.
Борусија Дортмунд денес и официјално го претстави новиот тренер, а тоа е Петер Бош кој минатата сезона беше на кормилото на Ајакс.