Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раководството на Арсенал сака во своите редови да го донесе младиот напаѓач на Торино, Андреа Белоти и испратиле понуда од неверојатни 65 милиони евра.
Спортскиот директор на Торино, Џанлука Петраки потврди дека „топџиите“ го сакаат Белоти уште во зимскиот преоден рок и се спремни да платат 65 милиони евра за неговиот потпис.
Белоти оваа сезона блеска во дресот на Торини и италијанската репрезентација, а неодамна го продолжи договорот со „биковите“ во кој има откупна клаузула од 100 милиони евра.
Интерес за него покажуваат многу големи клубови во Италија и Европа, а најконкретен е Арсенал кој веќе испратил официјална понуда.
„Добивма понуда вредна 65 милиони евра, но таа не е доволна и не ја прифативме. Во секој случај Белоти во зимскот преоден рок ќе остане во Торино, а на лето ќе видиме што ќе се случи. Нашата цел е да го задржиме“, изави Петраки.
Белоти важи за еден од најперспективните напаѓачи во Европа, па следното лето сигурно многу клубови ќе се борат за неговиот потпис.