Потврда од САД: Трагичарот во финалето бранел со потрес на мозок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најновата вест која пристигнува од САД фрла целосно поинакво светло на она што се случи во финалето од Лигата на шампионите.

Германскиот чувар на мрежата на Ливерпул, Лорис Кариус доживеал потрес на мозок во финалето од Лигата на шампионите во Киев на 26 мај.

Кариус на прави две кардинални грешки кои неговиот клуб ги плати со титулатата шампион на Европа, а 12 дена подоцна е утврдено дека доживеал потрес на мозокот.

Докторите од болницата во Бостон, утврдија дека Кариус по дуелот со Рамос во 49 минута заработил потрес на мозок.

Само две минути подоцна Кариус направи неверојатен кикс по кој Бензема се запиша во листата на стрелци, а на седум минути пред крајот не успеа да ја исконтролира топката после ударот од далечина на Герет Бејл.

После сето ова споменатот финале добива целосно нова димензија бидејќи е евиндентно дека Кариус заработил сериозни проблеми после дуелот со Рамос.