Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Мојата пријателка има три неверојатно добро воспитани деца. Тие ги ставаат своите играчки на страна кога таа им кажува, не прават врева, па дури и ги решаваат своите кавги и недоразбирања. Јас, всушност, бев сведок на тоа дека нејзиниот три годишен син мирно и културно си го побара камиончето назад од другарчето кое буквално му го зема од рацете. “Кога ќе ги креирате и ќе им ги дадете до знаење вашите очекувања уште кога вашите деца се мали, тие ќе ги примат и процесираат тие очекувања и ќе почнат да го очекуваат истото од себе”, вели Шарон К. Хол, доктор на науки, автор на “Подигање на деца во 21 век”.
Еве неколу совети за самодисциплина кај децата:
Поставете цврсти правила и очекувајте почит – Децата кои веруваат дека можат да направат нешто што им се допаѓа, и да добијат што сакаат, имаат тенденција да бидат оние кои дејствуваат со викање или фрлање луто кога нивните барања не се исполнети. “Децата кои разбираат дека постојат добро дефинирани граници, учат како да се самоконтролираат и да ги почитуваат границите”, вели Хал Ранкел, семеен терапевт и автор на ScreamFree Parenting.
Кажете им зошто – Вие не мора да им дадете на своите деца образложение и објаснување за тоа зошто очекувате одделни однесувања од нив. Но, ако вашето дете разбира дека постојат едноставни причини за вашите правила, тоа ќе сфати дека не се во ред и ќе биде поголема веројатноста да се усогласат. Кажете му, на пример, “Треба да одите во кревет во осум часот, бидејќи на вашето тело му треба многу спиење за да останете силни и здрави”.
Давајте многу пофалби – “Без разлика дали го наместило креветот, помагало да ја поставите масата или и дозволило на неговата сестра да си игра со боичките, бидете сигурни дека ќе го зајакнете следењето на правилата славејќи ги успесите на вашето дете”, вели д-р Лари К. Кониг. Кажете: “Убаво е што си се сетил на правилото да го наместиш твојот кревет. Јас сум толку горд/а кога се однесуваш како големо момче!” или, “Ти беше толку љубезен кога ми кажа”те молам” за тие боички. Браво!”
Следете ги и сами своите правила – “Закачете го палтото во плакарот кога ќе се вратите дома, ставете ги валканите садови во мијалникот, не викајте кога сте фрустрирани… правејќи ги овие работи ќе им покажете на децата дека имате и вие правила кои ги следите” вели Џуди Арнал, автор на дисциплина без проблеми. “Кога децата ќе видат дека се однесувате добро, тие ќе сакаат да го сторат истото.”
Посветете се на совеста – Ако едно мало дете се чувствува лошо кога не го следи вашиот пример, немојте веднаш да се обидете да ја минимизирате неговата непријатност. Чувството на вина е суштински дел од учењето за да се утврди правото од погрешно. “Користете го како можност за учење”, сугерира д-р Хал. “Кажете:” Знам дека се чувствуваш лошо, сите правиме грешки, но се обидуваме да научиме како да постапиме следниот пат “.
Наташа Лазовска
Институт за семејни студии
Филозофски факултет, Скопје