Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипата на Фулам и официјално е вториот патник во Чемпионшип лигата откако синоќа доживеа висок пораз од Ватфорд со 4:1.
Клубот на милијардерот Шахид Кан минатата сезона заврши како третопласиран во Чемпионошип и преку плеј-офот и победата над Астон Вила во финалето обезбеди место во најсилната конкуренција во Англија.
Кан и менаџерот Славиша Јокановиќ знаеа дека борбата за опстанок може да биде тешка и за да избегнат преголема драма минатото лето потрошија дури 112 милиони евра на засилувања.
Но и покрај овие потрошени милиони Фулам ќе го напушти најелитното натпреварување во Англија и ќе се пресели ранг подолу.
Тимот на Скот Паркер, кој е веќе трет тренер, победи на само четири натпревари уште од 29 јануари за после тоа да наниже осум порази и синоќа и официјално да биде вториот патник во Чемпионшип лигата.
ТРАНСФЕРИТЕ НА ФУЛАМ МИНАТАТА СЕЗОНА
Жан Мишел Сери – Од Ница за 30 милиони евра
Андре Замбо Агуис – Од Марсеј за 25 милиони евра
Александар Митровиќ – Од Њукасл за 20.5 милиони евра (беше на позајмица го откупија договорот)
Елфи Мавсон – Од Свонси за 17 милиони евра
Џо Брајан – Од Бристол за седум милиони евра
Фабри – Од Бешикташ за шест милиони евра
Максим Ле Марчанд – Од Ница за седум милиони евра
Хавард Нортвеид – Од Хофенхајм за милион евра
Андре Шурле – Од Борусија Дортмунд за 400.000 евра (позајмица).