Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хенри Родригез е татко на тригодишниот Арон. Воедно, тој е и човекот кој списка скоро 35.000 евра на операции и надградби за да изгледа како Red Skull, нацистичкиот анти-херој од стрип екипата на Marvel.
Во текот на последните седум години, Хенри ги истетовира очите во црна боја, вгради импланти во главата и си отсече дел од носот – сè со цел што повеќе да личи на главниот непријател на Capetan America, пренесува британски Metro.
Трансформацијата почна откако тој се запозна со Емилио Гонзалез, неуспешен студент по медицина кој се специјализирал за тетовирање и екстремни зафати. „Почнав пред седум години. Сакав да се претворам во неверојатниот лик од стриповите на кого му се восхитувам уште откако бев мал“, вели Хенри и додава: „Мислам дека има многу сличности помеѓу него и мене кога се во прашање личноста, карактерот и ставот. Кога е во прашање изгледот, секогаш ме привлекувал тој уникатен облик, како и екстровертната личност и уникатност“.
Не сум нацист
Но, со еден дел од ликот на Red Skull Хенри не сака да има никаква врска. „Важно е да потенцирам дека единствено нешто кое не го делам со него е нацистичката идеологија“, одлчно тврди Хенри.
Човекот кој му ги изврши операциите објаснува дека Хенри морал да помине низ неколку психолошки и здравствени тестови пред да можат да започнат со оперативните зафати. Вкупно, сите операции траеле 130 часа, а првата која ја направил било тетовирањето на очите.
„После тоа ставив два импланти под кожата. Тоа траеше околу две години бидејќи тоа е процес кој мора да се изведува постепено. Траеше подолго отколку што очекувавме“, вели живиот анти-херој.
Важно ми е дека мојот син ме сака
Родригез признава дека луѓето имаат свои реакции на неговиот изглед, но дека тоа не му пречи.
„Луѓето реагираат доста различно – понекогаш смешно, понекогаш чудно. Но, тука сме за да ги едуцираме нив. На моето семејство не им беше лесно да го прифатат мојот стил на живот, но тие и понатаму се мое семејство и дел од мене“, додава Хенри и заклучува: „Мојот син Арон има три години. Кога тој ме прифаќа и ме сака, не ми е важно што ќе речат другите. Важно ми е да сум среќен и сам себеси да се прифатам. Секогаш ќе не осудуваат, што и да направиме. Одлучив да бидам она што сум сега и задоволен сум од самиот себе. А тоа е најважно“.