Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славната холивудска актерка Амбер Херд, во рамки на нејзиното судско сведочење за разводот и судскиот спор кој го води со познатиот актер Џони Деп, открива шокантни детали за тоа како била тепана и малтретирана од бившиот сопруг за време на нивната, како што вели таа, мачна врска.
Во изјава за „Дејли Мејл“, Амбер детално ја опиша кавгата и тепачката која се случила во мај 2016, после која решила да се разведе од Џони Деп. Сведочењето на Хард датира од август истата година, а вчера го објавија американските медиуми. Таа во друштво на својот и на неговиот адвокат се потсети на исказот даден како дел од процесот на развод. Во видеото раскажува дека Деп ја влечел за коса и и го скршил телефонот од лицето .
За среќа на другата страна на линија била нејзината пријателка, која повикала полиција. Кога дошла полицијата Херд не сакала да каже ништо, зашто се плашела дека Деп може повторно да избувне.
„Се сеќавам на пцовките кон мојата пријателка Ио Тајлет Рајт, а потоа ми го фрли телефонот во лице. Му реков дека ме погодил во око,почнав да плачам, а тој дојде и ме грабна за коса и ми рече: Сум те погодил во око ,а? Дај да видам каде тоа сум те погодил. Што ако те повлечам за коса? Тешко е тоа да се опише, но тогаш како да ме влечеше од една на друга страна држејќи ми ја косата” раскажува вознемирената актерка.
Деп продолжил да вика по неа и таа од цел глас викала за помош, во надеж дека пријателката е се уште на линија и дека ќе повика полиција.
По извесно време влегла пријателката Роки, која имала свој клуч од станот, а потоа и телохранителот на Деп, па тој престанал да вика и да ја тепа.
Ианку, Деп ја тужи поранешната сопруга за 50 милиони долари, тврдејќи дека го наклеветила со кажување во јавноста дека ја малтретирал, а оваа снимка е еден од доказите во овој случај.