Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новата серија на Netflix, „UNbeliveable“, ја следи ужасната приказна на тинејџерката Мари Адлер (ја глуми Кејтлин Девер), која оди во полиција откако претходно била врзана и со часови силувана во нејзиниот дом.
Мари набрзо сфаќа дека никој не верува во она што го кажува, ни полицијата, ниту оние кои ги сметала за блиски личности. Серијата ги следи истражните детективки Грејс Расмусен (Тони Колет) и Карен Дувал (Мерит Вивер), кои трагаат по серискиот силувач.
Мрачната драма станува уште помрачна кога ќе се земе во предвид фактот дека истата се базира на реален случај наречен „Неверојатна приказна за силување“ награден со Пулицерова награда, кој го напишале Кристиан Милер и Кен Армстронг.
Vogue серијата ја нарекува „потресен и болен приказ на сексуална злоупотреба“. Доколку се одлучите да ја гледате оваа серија, редно е да ве предупредиме дека во продолжение пишуваме детали за стварниот случај на кој се базира истата.
Според статијата која ја донесува The Marshal Project, вистинската Мари (во стварноста тоа било нејзиното средно име) била вдомено дете кое минало низ голем број домови за деца без родители, во кои е разделувана од своите биолошки браќа и сестри.
Семеен дом нашла во Линвуд, сојузна држава Вашингтон, кај Шенон МекКвири и нејзиниот сопруг Белево. Но, потоа била одведена од детската адвокатка Пеги Канингам. На 18 години се сместила во субвенциониран стан, а една ноќ се разбудила и покрај себе во креветот затекнала маж со нож во рака кој ја врзал, ѝ ја затворил устата и со часови ја силувал пред да си замине. Тоа се случило во 2008 година.
Мари успеала да се ослободи, после што веднаш повикала полиција. Полицијата ѝ зела изјава, но бившата старателка Шенон и адвокатката Пеги не ѝ верувале на тоа што го кажува, мислејќи дека го измислила сето тоа поради нејзиното необично однесување. Тие ги советувале полициските служби кон Мари да се однесуваат како да поднела лажна пријава.
Откако полициските служби ѝ се заканиле со судски процес и ја поттикнувале да ја повлече изјавата, Мари изјавила дека сето тоа можело да биде ноќен кошмар предизвикан од стрес. После тоа, била казнета со 500 долари поради лажна пријава во полиција.
За тоа време, детективките Стејси Галбрајт и Една Хендершот од Колорад почнуваат да забележуваат правилности во низа случаи на силување и постепено сфаќаат дека серискиот силувач провалува во домовите на жртвите, ги силува, ги фотографира и ги принудува да се истушираат за да ги прикријат сите докази од злосторството.
Откако собрале податоци за специфични детали на неговото тело, детективките тргнале во потрага по силувачот и успеале да го откријат и уапсат.
Воениот ветеран Марк О’Лири е осуден за 28 случаи на силување во Колорадо и осуден е на 327 години и 6 месеци затвор. На неговиот компјутер биле пронајдени и еден куп доказни фотографии од жртвите, меѓу кои и оние од Мари Адлер.
До тој момент нејзиниот живот станал пекол. Шенон веќе не ја сакала во нејзиниот дом, а нејзината најдобра пријателка направила интернет страница на која ја нарекувала лажливка. Поради сето тоа, Мари размислувала и за самоубиство.
Откако О’Лири бил осуден, полицијата ѝ ги вратила 500-те долари на Мари и го избришала нејзиното досие. Шенон и Пеги ѝ се извиниле што не ѝ верувале, а таа им простила. Мари ја тужела градската управа и во судска спогодба се договориле за обештетување од 150.000 долари.
Денес вистинската Мари работи како возач на камион, омажена е и има две деца. Никој во полициската станица во која не ѝ поверувале на изјавата за силувањето не бил казнет, а самата Мари рекла дека никогаш не добила ниту искрено извинување од нив.