Потресната приказна на Кејт Милер – евровизиската претставничка на Австралија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Австралиската евровизиска претставничка Кејт Милер со својот импресивен настап ги воодушеви сите кои беа присутни во салата во Тел Авив, но и најшироката публика која настанот го следеше преку телевизиски пренос.

Голем број луѓе беа воодушевени од нејзиното лебдење на сцената, но сепак зад пејачката се крие тажна приказна поради која многумина не би се појавиле на овој натпревар.

Имено Кејт која се претстави со песната „ Zero Gravity“ која ја напишала заедно со сопругот говори за постпородилната депресија, а само една недела претходно таа се опоравила од инфекција која ја добила носејќи високи потпетици.

„Имав многу сериозна инфекција која можеше да заврши со ампутација на мојата нога. Дури и ослабев, а сето тоа поради плускавците на нозете, секој кој носи високи потпетици знае дека тие може да те убијат, но не мислеле во буквална смисла на зборот“, вели таа додека лежела во болничкиот кревет.

Додава дека последниот месец има многу активности и започнала да трча иако претходно била врзана за креветот.

„Не мислев дека моите планови би можеле да бидат уништени поради несреќни околности, првите денови од болницата ми се во магла, поради инјекциите и лековите против болки“, вели таа.