Потресната порака од амазонски поглавар: „Сега стравуваме ние, наскоро ќе стравувате и вие“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поглаварот на бразилското племе Кајапо, Раони Метуктире, до остатокот од светот и човештвото испрати вознемирувачка и потресна порака која мора да допре до сите живи луѓе на планетата Земја.

Поглаварот , кој е познат по своите ставови за заштита на прашумата во Амазонија и со кого имале средби музички ѕвезди и славни личности од западните земји , објави предупредувачко писмо во британскиот весник ,,Гардијан”.

Тој им се обраќа на оние кои ги уништуваат прашумите и намерно ги палат за да направат пасишта , а потоа го рпедупредува и светот од последиците.

„Долги години, ние, домородните водачи и амазонските народи, ве предупредувавме, наши браќа, за оние кои им нанеле толку многу штети на нашите шуми. Она што го правите ќе го смени целиот свет и ќе го уништи нашиот дом, а тоа ќе го уништи и вашиот дом.

Го ставивме настрана нашето поделено минато за да бидеме заедно. Пред само една генерација, многу од нашите племиња се бореа едни со други, но денес заедно се бориме против нашиот заеднички непријател. И тој заеднички непријател е на сите вас, недомородни народи кои ги нападнаа нашите земји и сега ги палат оние мали делови од шумата што се оставени за нас , за да живееме. Бразилскиот претседател Болсонаро ги охрабрува сопствениците на фарми близу нашата земја да ја расчистат шумата и не направи ништо за да ги спречи да ја нападнат нашата територија.

Кога ја ослабнуваш земјата на тој начин, таа умира. Ако почвата умре, ако нашата Земја умре, тогаш никој од нас не ќе може да преживее, сите ќе умреме.

Ве покануваме да престанете со она што го правите, да го запрете уништувањето, да ги запрете нападите врз душата на Земјата. Кога ги палите дрвјата, ги напаѓате душите на нашите предци. Кога копате минерали, го погодувате срцето на Земјата. И кога исфрлате отрови – земјоделски хемикалии и жива од рудници за злато – на земјата и во реките – ги ослабувате духовите, растенијата, животните и самата земја.

Кога ја ослабнуваш земјата на тој начин, таа умира. Ако почвата умре, ако нашата Земја умре, тогаш никој од нас не ќе може да живее, сите ќе умреме”, порача во писмото поглаварот Раони Метуктире.