Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс, отворено ја обвини сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, симпатичната Ким Јо-jонг, дека е „вистинскиот столб“ на режимската тиранија во Северна Кореја која загрозува милиони граѓани.
„Сестрата на Ким Јонг-ун е централен столб на најлошиот тирански и репресивен режим во светот. Тоа е злобна семејна свита која брутализира, убива, затвора и малтретира околу 25 милиони луѓе“, изјави Пенс на собир на републиканците во близина на Вашингтон.
Тој истакна дека САД одлучно ќе остане против Северна Кореја, се додека Пјонгјанг се заканува и не сака да се откаже од нуклеарната програма.
Пенс и Ким Јо-jонг присуствуваа на отворање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во иста ложа, но не разменија ниту збор.