Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На синоќешниот Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, од функцијата потпретседател на партијата и другите партиски функции бил разрешен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев. Дополнително, разрешен е и Костадин Богданов, а и реформаторот Петар Богојевски. Исто така, од партијата беа исклучени и Сашо Мијалков и Никола Тодоров
Костадин Богданов, кој не беше присутен на седницата на ЦК, во кратка изјава за Телма, вели дека се разрешени сите прозападни кадри кои дадоа поддршка за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, преку договорот од Преспа.
Разрешениот Богданов, за „Независен“ изјавил: „Едноставно имаме спротиставени визии со Претседателот за патот по кој треба да се движи партијата и развива државата. Разликите особено дојдоа до израз во последните неколку месеци кога се актуелизира Договорот од Преспа. Според мене, тоа беше, но и сè уште е, моментот во кој партијата требаше јасно и конкретно да ја покаже својата евроатлантска заложба“.
Според партиски извори, на Централниот комитет биле исклучени, како што се вели најголемите виновници за раздорот во партијата и тоа градоначалникот Митко Јанчев, како и ’реформаторите’ Костадин Богданов и Петар Богојевски. Сите тие повикуваа да се излезе и да се гласа на референдумот, а после неуспехот на референдумот ги поддржаа уставните измени на власта со цел промена на уставното име.